Според МВР, осомничениот со употреба на сила влегол во црквата и одзел пари. По пријава на настанот, полицијата брзо реагирала и го затекнала на местото на кражбата, по што веднаш бил приведен. Со него бил и неговиот малолетен син. За случајот бил известен Центарот за социјални работи во Струмица, кој го згрижил детето и го предал на неговата баба.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен и јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






