понеделник, 8 декември 2025

Фатен крадец на струја во Струшко

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Објавено на

часот

Сподели

На 18 септември, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ