Од МВР соопштија дека по несреќата, во 16:10 часот, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во болница е донесено девојче со тешки телесни повреди. Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и улицата „Народен Фронт“, кога патничко возило ја удрило малолетничката и побегнало.
Полицијата презела мерки за пронаоѓање на возачот, по што С.Б. бил лоциран и идентификуван.
Против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и по член 301 за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.






