„Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, Светиниколско, полициски службеници од ОВР – Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд – Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






