Како што информираат од МВР, Ј.П. е лишен од слобода по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје, при што е утврдено и дека Ј.П. се бара по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.
Телефонот е вратен на оштетената, а Ј.П. е вратен во Затвор Идризово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.






