„Синоќа во 20:45 часот на улица ‘Страшо Пинџур’ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР-Кавадарци лишија од слобода 20-годишник од село Возарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило ‘голф’ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал тој, при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР – Велес.
Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
„Денеска во 1:20 часот, на улица ‘Маршал Тито’ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., на возраст од 25 години. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило ‘бмв’ со неготински регистарски ознаки, што го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола“, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било одезмено. По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






