„Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С. (43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од СВР Велес.






