
Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА ја потврдила информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата.
Според информациите од терен, дошло до судир меѓу возило со радовишки регистарски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени лица. Во тек е увидот, а несреќата во Полициската станица Штип е пријавена во 14:39 часот.
Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат.






