На 7 октомври во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М. (32) од село Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.
Во несреќата повредени се двајцата возачи, како и Б.Д. (33) од Љуботен, скопско, Д.З. (36) и И.М. (21) од Трубарево. Сите биле сопатници во возилото „рено“. По укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, а останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал. Кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид изврши екипа од СВР Штип-ОВР Кочани, соопшти полицијата.






