недела, 6 јули 2025
Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане

Едно лице загина, а шестмина се повредени, меѓу нив и три деца

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за с.Камењане се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило голф со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок.

Објавено на

часот

Сподели

Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште.

Увид на лице место извршува екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ