четврток, 24 април 2025

Едно лице повредено во сообраќајка во скопската населба Аеродром

Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром, јавува МИА.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.

Повреденото лице е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и според првичните информации не е во животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ