среда, 14 јануари 2026

Eдно лице почина во пожар во стан во Тетово

Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено синоќа по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19,05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово

Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ