Синоќа во 22:30 часот во СВР – Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп – Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино – Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.
Потоа, М.В., од село Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.
„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило ‘рено мастер’ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 1:30 часот, денеска, починал“, појаснија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР – Велес.