Во рамки на контролата која била спроведена на 19 и 20 јули 2025 година во периодот од 19:00 до 02:30 часот, евидентирани се и прекршувања според Законот за лична карта, Законот за безбедност на сообраќајот, Законот за возила и Законот за оружје. Извршени се 26 проверки на идентитет, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила биле подигнати со пајак.
Од МВР дополнуваат дека и од страна на Единицата за недозволена трговија биле преземени оперативни активности така што две лица биле приведени заради утврдување на идентитет, 22 лица биле легитимирани, а исто така извршен е преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила.






