среда, 24 декември 2025

Еден загинат во сообраќајка кај село Подмолје

Објавено на

часот

Сподели

До несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.

Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди М.Л. со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

По наредба на јавен обвинител врз телото за загинатиот ќе биде извршена обдукција, додека причните за несреќата ќе ги даде истрагата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ