петок, 6 март 2026

Еден загинат во сообрачајна несреќа на патот Демир Хисар – Кичево

Вчера напладне во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано Крбла , атар на село Сопотница, демирхисарско, патничко возило фиат со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.од село Жван, демирхисарско, излетало од патот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ