Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на фолксваген голф, С.Х., а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и М.Р.А.(24), двајцата од Скопје, како и Ф.М.(28) од Косово и возачот на БМВ-то. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница Св. Наум Охридски и во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на обвинителот телото на починатиот е предадено на обдукција.






