недела, 7 декември 2025

Еден загинат и еден тешко повреден во директен судир на експресниот пат Штип – Велес

Во директен судир на две возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Итната помош на Здравствен дом Велес, за несреќата биле повикани во 14:20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци, кај силосите.

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на местото на директниот судир.

„Веднаш му беше укажана лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Има повреди на карлицата, на десното колено и на главата, но е свесен и контактибилен“, изјави Најдовска за МИА.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општата болница Велес.

Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата.

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево  информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ