недела, 13 април 2025

Еден уапсен, по еден се трага, по објавената снимка со пукањето во прилепско Црнилиште (ВИДЕО)

Вчера врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа фејсбук, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело предвизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во село Црнилиште, Општина Долнени, во домот на 51 годишниот Џ. Ќ., информираше утрово МВР. Неофицијално, станува збор за Абдула Ќалими, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемил Ќамили од ДУИ во чиј дом е извршен претресот и е пронајдено оружјето од кое било пукано. Според соопштението на МВР и инцијалите на осомничените за пукањето наведени во него, Џемил Ќамили е веќе уапсен, а по неговиот син Абудла полицијата сѐ уште трага.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, при претресот се пронајдени три парчиња оружје кои осомничениот ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми од различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот во кој бил извршен претресот.

„Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот“, информираше МВР.

Неофицијално, станува збор за Абдула Ќалими, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемил Ќамили од ДУИ во чиј дом е извршен претресот и е пронајдено оружјето од кое било пукано.

Според Кривичниот законик, за предизвикување општа опасност казната е од шест месеци до пет години затвор, а за тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, казната е од три до десет години затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ