„Вчера во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во 17:45 часот, на магистралниот пат Прилеп-Градско во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило голф со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., од село Манастирец, и трактор имт со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ. од Росоман“, соопштија од СВР – Велес.
Како што појаснија, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општа болница – Кавадарци.
„Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци. Во периодот од 19 до 20:25 часот, сообраќајот на делницата од магистралниот пат Прилеп-Градско беше во прекин и беше пренасочен по локален пат за село Манастирец, општина Росоман“, додадоа од СВР – Велес.






