сабота, 3 мај 2025

Еден приведен откако полицијата најде дрога во Штип

Дрога била пронајдена при претрес во Штип. Едно лице во текот на вчерашниот ден било лишено од слобода, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Во 11:10 часот, вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Штип го лишиле од слобода 44-годишниот штипјанец Ф.С..

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети, за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, се појаснува во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициска станица. Од Министерството истакнуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ