недела, 7 декември 2025

Еден приведен и тројца повикани на разговор во полиција за поседување дрога

Полицијата вчера пронашла дрога кај 47-годишен стружанец при претрес во неговото Тој е уапсен, а на разговор во полиција се повикани и тројцата сопатници во возилото, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го лишиле од слобода А.Г. од Струга.

„При извршен преглед во патничко возило фолксваген туарег со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се прашкаста и грутчеста материја. Во врска со настанот, во полициска станица на разговор се повикани се А.К. и Д.З., двајцата од Струга, како и М.К. од Тетово, кои биле сопатници во возилото“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ