Во 13.55 часот во полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул. Методија Андонов Ченто во Скопје бил каснат од куче скитник. Вчера во 20.50 часот во полициската станица Драчево, А.Л.(35) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на пат за Дрисла била касната од куче скитник. Пријава има и во 19.00 часот во полициската станица Аеродром каде К.К.(41) од Скопје пријавила дека на паркинг простор кај мостот Беласица во Скопје била касната од куче скитник.






