„Денеска во 10.15 часот вработен во ‘Пошта на Северна Македонијa’ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот.






