На 27 февруари 2026 година околу 06:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат кон село Обедник, демирхисарско, патничко возило „хјундаи“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С. (45) од село Обедник, излетало од коловозот. По несреќата, возачката со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола.
Втората несреќа била пријавена утрово, два часа после полноќ во ОВР Прилеп.
Според информациите на полицијата, на патот Прилеп–Македонски Брод се судриле патничко возило „ауди“, управувано од Ф.И. и патничко возило „бмв“, управувано од Е.Ш., и двајцата од село Дебреште. Во несреќата тешко бил повреден 17-годишен сопатник од возилото „ауди“, кој бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случиле несреќите.






