недела, 14 декември 2025

Две тепачки во Велес, едната во верски објект, другата помеѓу колеги во кафеана

Во Секторот за внатрешни работи Велес вчера биле пријавени две одделни тепачки што се случиле на различни локации во градот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Првиот инцидент се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б., вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и 34-годишниот С.Л. Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вториот случај бил пријавен истиот ден, околу 18:30 часот. Триесет и седумгодишниот С.Р. од Велес информирал дека додека бил на работа во угостителски објект, бил физички нападнат од четворица негови колеги, 38-годишниот Д.Д., 45-годишниот Т.А., 50-годишниот С.С. и 38-годишниот Т.Б., сите од Велес. И овој случај е во фаза на документирање, по што ќе следуваат соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ