четврток, 9 април 2026

Две сообраќајни несреќи со трактор во Гевгелиско – двајца починати

Во текот на вчерашниот ден, во Гевгелиско се случиле две сообраќајни несреќи со трактори и со смртни последици за две лица.

Објавено на

часот

Сподели

На 8 април во 18:50  часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Истиот ден, 8 април во 9:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, Гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се  здобил и неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општата болница Гевгелија. Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ