Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштението до медиумите наведува дека вчера во 3.30 часот на ул.„Пиринска” во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 30-годишниот Х.С. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор.
„Истиот ден во 15.55 часот на ул.„Балканска” во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 27-годишниот С.И. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор“, се вели во соопштението од СВР-Штип.






