„Вчера во 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат за с.Добрашинци, струмичко, во близина на мост на река „Струма”, патничко возило „форд фиеста”, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(18) од с.Нова Mаала, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и сопатникот Ж.М.(34) од с.Радичево, констатирани во Медицински центар Струмица“, соопштуваат од МВР.
Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница






