
„Во тетовско Шемшово, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце, врз основа на судска наредба, вчера претпладне го приведоа И.Е.(67) од Шемшово за издржување на затворска казна.
Истиот ден, во 16.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Н.С.(52) од тетовско Камењане за издржување затворска казна“, се наведува во полициското соопштение.






