Тие се сомничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал. Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.
Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






