среда, 1 април 2026

Две лицата приведени, едниот возел пијан, другиот имал забрана за возење

Со 2,12 промили алкохол во крвта и со активна забрана за возење две лица од Струга и струшко управувале автомобили, полицијата ги привела, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга вчера во 22 часот и 30 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, го лишиле од слобода М.С. од селото Франгово.

„При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило мерцедес со струшки регистарски ознаки, кое го управувал. По преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,12 промили алкохол во крвта“, пишува во соопштението.

Два часа претходно, односно во 20 часот и 30 минути на магистарлниот пат А-2, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај  Струга го лишиле од слобода Ѓ.М. од  Струга.

„При  контрола во  патниот  сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото иако имало активна мерка за управување“, посочуваат од СВР Охрид.

По целосно документирање на двата случаи, најавуваат соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ