четврток, 8 јануари 2026

Две лица приведени кај Жеровјане поради сомнение за фалсификување пари

Вчера во 21:35 часот, на автопатот Гостивар–Тетово, кај селото Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари, ги лишиле од слобода С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Р. Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, во 17:15 часот, во Полициското одделение Жеровјане, случајот бил пријавен од А.Р. (22) од селото Жеровјане, вработен на бензинска пумпа во селото, кој пријавил дека околу 15:40 часот лицата со патничко моторно возило цитроен со гостиварски регистарски ознаки ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.

Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ