“Вчера во 18 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д., затоа што истиот ден, околу 17 часот физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Подоцна, во 21:40 часот во СВР Куманово, 44-годишна жена од Куманово пријавила дека во нивната семејна куќа по претходна вербална расправија била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг Б.Р. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, информираше полицијата.
Лани, според статистиката на СВР Куманово имало 348 пријави за семејно насилство. Најголем број од пријавите биле поднесени од жени, а како сторители се јавувале нивните сопрузи, вонбрачни партнери.
Вчера вечер во СВР Скопје 44-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.Д.
„Исто така, во 20:45 часот во СВР Скопје Б.Д. пријавил дека бил физички нападнат од Д.Б., брат на неговата поранешна партнерка и Д.С., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.
А пријава за напад од страна на родениот брат било пријавено и во СВР Тетово.
„СВр Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста при семејно насилство. На 21 февруари 2025 во семејниот дом во тетовско, пријавениот, по претходна расправија со неговиот брат, физички го нападнал и со остар предмет се обидел да го повреди“, информираа од СВР Тетово.
Вчера попладне пак, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.И.од кривопаланчеко село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга, а притоа и упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.