среда, 24 декември 2025

Двајца Пакистанци воделе група од 13 мигранти од Србија кон Грција на пат за Запад

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе кривична пријава против М.J.(33) и Р.З.(21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело – криумчарење на мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик, информира МВР.

Во неделата на локацијата викана „Свињарска фарма”, во атарот на селото Речица, кумановско, од страна на полициски службеници од Националната единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 15 илегални мигранти од кои 12 лица од Индија, две лица од Пакистан и едно од Авганистан, велат од МВР.

„Врз основа на преземени мерки за расчистување на случајот, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, било утврдено дека две лица со потекло од Пакистан, кои биле дел од групата, се организатори на криумчарењето. Имено, со цел стекнување на противправна имотна корист, во улога на водичи, двете лица на 6 февруари илегално пренеле преку границата од Србија до кумановско-липковскиот регион група од 13 илегални мигранти, со цел нивно понатамошно превезување до Грција, со крајна дестинација државите на ЕУ“, соопштува МВР и наведува дека двете лица се приведени, а од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ