„М.С. со возило фиат хрома со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило мерцедес со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол риалти игл со 40 куршуми калибар од девет милиметри, додека од Б.С. се одземени гасен пиштол валтер со 12 куршуми калибар девет милиметри. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
Двајца жители на Лажани ќе одговараат, тргнале на семејна веселба со возила полни со пиштоли и куршуми
Вчера наутро во село Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишиле од слобода М.С. и С.Б., двајцата од истото село.

Фото: Архива
Објавено на
часот





