„При сообраќајна контрола на ул. Т. Паунов во Кочани, полициски службеници сопреле возило мерцедес, кое го управувал Е.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во организмот. Исто така, при сообраќајна контрола на ул. Страшо Пинџур во Берово, било сопрено патничко возило опел кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во организмот“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.