недела, 14 декември 2025

Двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила на 30 август, околу 15:50 часот, при судир помеѓу патничко возило пежо со скопски регистарски таблички, управувано од И.Т. (46) од село Кучевиште, скопско, и возило рено со кумановски регистарски ознаки, зад чиј волан бил Б.Б. (52) од Куманово.

Двајцата возачи се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а причините за несреќата се испитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ