недела, 14 декември 2025

Двајца стружани пријавени за кражба на електрична енергија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца жители на село Корошишта, струшко, Ч.И. (83) и Ф.И. (45), поради сомнение за сторено кривично дело кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.

Објавено на

часот

Сподели

На 17 јануари 2025 година, при контрола на објект во Струга, полицијата констатирала дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици, со што се премостувало броилото за да не се мери реалната потрошувачка на електрична енергија.

Случајот продолжува да се расчистува, а против сторителите е поднесена соодветна пријава согласно законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ