понеделник, 16 март 2026

Двајца приведени во Житоше, еден испукал истрели од пиштол на семејна веселба

Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово на 22 октомври 2025 година, околу 16 часот, ги лишиле од слобода В.Е. (26) и Б.Е. (57), двајцата од селото Житоше.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, на семејна веселба пред куќата каде што живее, В.Е. испукал неколку истрели од огнено оружје во воздух. При увидот на местото биле пронајдени чаури, а од лицата биле одземени гасен пиштол, сопственост на В.Е., како и ловна пушка со дозвола за поседување на име на Б.Е.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ