петок, 20 март 2026

Двајца приведени под сомнение дека предизвикале пожар во општина Кавадарци

Лишени од слобода биле две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по превземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) пд Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко Езеро,  во атарот на село Куманичево, кавадаречко“, појаснија од СВР Велес.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ