среда, 18 март 2026

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел астра со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(45) с.Желино, тетовско и патничко возило сеат алтеа со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(43) од Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило сеат алтеа и неговиот сопатник Е.С.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ