Ѓ.Д. (29) од Неготино вчера во болницата во Кавадарци бил донесен со тешка телесна повреда која ја добил при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор.
Во истата болница вчера бил донесен и Н.Т. (25) од село Дабниште, Кавадаречко. Тој повредата ја добил при извршување работни задачи за ЈП „Комуналец“ на улица „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.






