недела, 14 декември 2025

Двајца малолетници и две жени се приведени за пукањето со жртва во Тетово

Тетовската полиција денеска информираше дека по пукањето во неделата, вчера приведени се четири лица од кои две се малолетници и две женски лица на 19 и 41 година.

Објавено на

часот

Сподели

Полицајците направиле и претрес пред приведувањето при што се најдени и предмети од интерес на истрагата.

На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с. Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с. Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата. При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с. Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката, соопшти СВР Тетово.

Во неделата по престрелката помеѓу двете групи во населбата Блок 82 во Тетово беше најден еден убиен.

Освен тоа двајца мажи на возраст од 32 и 37 години беа ранети во граден кош, девојче на 12 години рането во натколеница, а случаен минувач удрен со возило по што му е скршена ногата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ