„Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К. и И.С., двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал“, соопшти МВР.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






