Настанот бил пријавен на 4 јануари 2026 година, а според информациите, околу 13:30 часот, во близина на селото Трапчин Дол, на место викано „Сеферов бунар“, по претходна расправија, осомничените со нож му нанеле убодни рани на Б.А. (38) од Кичево.
Повредениот најпрво бил згрижен во болницата во Кичево, но поради сериозноста на повредите бил пренесен на понатамошно лекување во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
По приведувањето, со судска наредба биле извршени претреси во домовите на осомничените, при што полициските службеници од криминалистичката полиција пронашле ножеви. Кај Ј.Д. биле пронајдени и шприц исполнет со течна кафеава материја, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






