недела, 13 април 2025

Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје

Два случаи на семејно насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23:20 часот во СВР – Скопје, 24-годишен скопјанец пријавил дека околу 17:50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т., на возраст од 54 години, со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, истакнуваат од МВР.

Претходно, во 14 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л., 28-годишен скопјанец, по претходна пријава дека околу 12 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ