Вчера во 16: 30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години. Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон. Сите биле приведени во полициска станица, информираше полицијата.
Известен бил надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.






