сабота, 6 декември 2025

„Дрво“ пијан возел низ Велес

Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Д.А.. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило фолксваген транспортер со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.59 промили алкохол во крвта“, информираа од СВР – Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот, како што појаснија, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик безобѕирно управување со моторно возило. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ