четврток, 19 март 2026

Дрога во Гостивар, приведени се три лица

Ноќеска кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е. (40), Б.С. (48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р. (70) од село Врањовци, Гостиварско. Полициските службеници забележале како Е.Е. од патничкото возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки фрлил пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени.

Објавено на

часот

Сподели

Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ